ВМРО-ДПМНЕ денеска со протестен марш во Велес

97

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Велес. Од партијата соопштуваат дека ги повикуваат граѓаните да им се приклучат наведувајќи дека “црнила ја завиле државата откако СДСМ е на власт”.

Опозиционерите велат дека иселувањето се зголемува, економијата постојано тоне, а дека лоша е состојбата и во сите сегменти од општеството, како во здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем.

“СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот”, наведуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ секоја среда протестираат и во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...