Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протест во Кочани кој треба да започне во 15 часот.
– Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на нашиот протест денес во Кочани во 15 часот, збирно место Градски парк, заедно одиме преку улиците на Кочани до градскиот трговски центар и сите заедно да го искажеме нашиот револт и да ја навестиме зората која ќе ги порази црнилата во Република Македонија создадени од СДСМ и Зоран Заев – повика партискиот портпарол Димче Арсовски на утринската прес-конференција.