ВМРО-ДПМНЕ: Демолирањето на споменикот на децата бегалци е акт на наjголем вандализам

617

Демолирањето на споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз Македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена борец“ во очи 11 октомври, Денот на почетокот на антифашистичкото востание во Македонија е акт на најголем вандализам. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на споменикот, кој претставува симбол за сеќавање на една голгота на македонскиот народ во минатото, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ откако вчера споменикот на децата бегалци во Жена Борец осамна искршен и паднат во фонтаната.

„Овој споменик е спомен и почит за егзодусот на над 20.000 деца од Егејска Македонија извршен во период од 1946 – 1949 година. ВМРО-ДПМНЕ апелира до властите да почнат да си ја вршат работата за која што се платени и да го чуваат државниот имот. Недозволиво е власта да дозволува секојдневно уништување на спомениците и друг вид на државен имот, а никој за тоа да не сноси одговорност.“ се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...