Од една случајна средба и неврзан кафе муабет се создаваат теории на заговор. Јасно е дека тоа се прави со цел СДСМ да скрие дека покрај промена на името одлучи да ја прави Македонија и двонационална држава, како и да скрие дека зголемува даноци, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прозивката од СДСМ за средбата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски со советникот на претседателот Иванов Синиша Алексовски.
– Се поставува прашањето дали Николоски е физички следен од припадници на СДСМ или дури и членови на МВР, како и тоа кој и зошто го следи неговото движење.
Нас ова не не изненадува, тоа е одлика на една хунта на која за брзо ќе и дојде крајот. стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.