Катица Јанева веќе петти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не ѝ верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат и оти се погласни се гласините дека во случајот „Рекет“ вмешани се и високи функционери од власта.
„Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите се уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле. Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае какоКатица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај“, реагираат од опозицијата.