ВМРО-ДПМНЕ го честита Рамазан: Да се обединиме и да ги зачуваме вредностите

382

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на муслиманските верници им го честита празникот Рамазан Бајран, кој како што наведуваат, е празник кој ја промовира љубовта, верноста и мирот, како поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.

„Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата преку градење на постојан дијалог е од особен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава. Нашата земја се соочува со историски премрежја и предизвици и тоа подеднакво ги загрижува сите граѓани. Затоа е потребна мудрост и знаење. Да се обединиме во зачувувањето на вредностите и принципите врз кој почива Република Македонија. Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на  духовните вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме напредок во нашето општество“, пишува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...