ВМРО-ДПМНЕ чека премиерот Зоран Заев официјално да го достави предлог законот за Јавното обвинителство кој денеска го соопшти пред јавноста, по што партиските комисии ќе го анализираат и партијата ќе излезе со став.
– Во меѓувреме продолжуваме да работиме и на нашиот предлог. Освен дека е изготвен предлог закон, на прес конференцијата на Зоран Заев слушнавме и негови желби кои не се ништо ново. Најголем кошмар му останува ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел да ја скрши и забрани партијата која му е единствена пречка во неговата намера неказнето да ги ограбува граѓаните и државата – велат од партијата.