Додека двоецот Заев и Анѓушев се шетаат по регионални бизнис форуми и се појавуваат на домашни бизнис собири каде ветуваат решавање на сите проблеми на бизнис сектори, сведоци сме дека голем број на домашни компании се на прагот на затворање поради лошите политики на Владата. Заев и Анѓушев ветуваат незапаметена помош за домашните компании преку сет на мерки и инструменти што на крајот видовме дека биле креирани за да блиски луѓе до нив ги земаат парите, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев ветуваше во 2016 на парламентарните избори и 2017 на локалните избори дека ќе ги реши проблемите со „Југохром“ и дека вработените во „Југохором“ ќе се вратат на работа во 2018 година. Да не заборавиме каков е економскиот ефект од работењето на „Југохром“ за регионот. Денес гледаме во изјава на премиерот дека тоа нема да се случи и дека ќе барал други инвеститори за комбинатот што само ги потврдува неговите лаги и неостварени ветувања. Да не заборавиме дека Вицепремиерот Анѓушев ветуваше решавање на проблемите на „Еурокомпозит“ од Прилеп што исто така се покажа дека е уште една манипулација.
Почитувани граѓани,
Во периодот на владеење на Заев и СДСМ нема инвестиции на домашните компании, нема нови работни места во приватниот сектор, нема странски инвестиции во ТИРЗ низ земјата кои тој и Анѓушев ги најавуваа со влезот на земјата во НАТО, нема капитални инвестиции кои ќе ги подобрат условите на бизнис секторот и граѓаните. Оваа влада на СДСМ предводена од Зоран Заев е способна само да лаже, да манипулира и да се шета низ бизнис форуми ветувајќи дека само што во земјата не започнал економски бум. Единствено нешто што испорача оваа Влада се повисоки даноци за бизнис секторот и креативните млади претприемачи во земјата, правна несигурност и непредвидливост на законската регулатива што на крај резултира во нарушување на конкурентноста и забавување на економската активност во земјата. Најдобар аргумент за тоа е фактот што додека сите земји во регионот остваруваат рекорди стапки на економски раст, Заев и Анѓушев се фалат со 0 отсто стапка на раст.
Почитуван Заев,
Не можете повеќе да ги лажете и манипулирате граѓаните и бизнис секторот затоа што веќе видоа и се уверија дека сте неспособни да ги решавате економските проблеми во земјата и затоа мора што поскоро да си заминете за да може економијата повторно да почне да расте и развива, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ