Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во дебатна емисија на телевизија Телма, најави дека најголемата опозициска партија в петок преку серија прес-конференции ќе објави корупциска афера поврзана со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која и во оваа фаза на интеграција користи ЕУ пари.
– Ќе обелодениме како се трошеле европските пари. Делени се средства на блиски невладини организaции на раководството на агенцијата, а истите четири невладини агенции ги добиле проектите и минатата и оваа година. Сомнителен е и тендерот за избор на ПР агенција. Проневерени се 3 милиони евра – рече Николовски.