ВМРО-ДПМНЕ: Време е да покажеме со дела колкава е љубовта кон татковината

Овие турбулентни времиња, кога се оспорува македонскиот идентитет, јазик и историјата, докажуваат дека борбата за Македонија никогаш не завршува. Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува. На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум, пишува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста.

420

Сега е време кога треба да покажеме и докажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата татковина. Време е сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија, се вели во честитката на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста.

„Овие турбулентни времиња, кога се оспорува македонскиот идентитет, јазик и историјата, докажуваат дека борбата за Македонија никогаш не завршува. Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува. На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум. Оваа генерација гледа како се гребат шахти и се преименуваат улици и објекти. Оваа генерација се соочува со обидот да се брише и заборави дел од историјата. Се најавува ревизија на учебниците и промена на обележјата. Наместо да се чува идентитетот, името, јазикот, културата и историјата, власта тргува со се што е свето. Македонија е економски опустошена земја, во која владее криминалот, а не правото. Македонија е земја од која што младите масовно заминуваат, а не основаат семејства“, пишува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...