ВМРО-ДПМНЕ: Власта јавно да каже дека референдумот е за Северна Македонија ВИДЕО

396

Уште два дена до пред референдумскиот молк, а Зоран Заев и неговиот криминален клан продолжуваат да кријат информации и да водат лажна кампања со лажни пораки за европски вредности. Едно е јасно тие се коцкаа со идентитетот на државата, граѓаните и институциите и изгубија, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие треба јасно да им кажат на граѓаните дека овој референдум е за Северна Македонија, а не за европска Македонија, бидејќи тие со својата криминогеност и неодговорност нема и не можат да донесат европска перспектива на Република Македонија – вели Стоилковски.

Тој додава дека Договорот од Преспа е класична капитулација, за што впрочем говори и молкот на Владата кога се работи за уставните амандмани.

– Заев продолжува округло па на ќоше да избегнува да каже како тие ќе гласат, што со нив ќе се менува, каков ќе биде статусот на македонскиот народ, каква ќе биде Преамбулата, дали и во каков контекст ќе биде споменат АСНОМ, темелот на македонската државност и низа други нејаснотии со овој договор. Една работа е јасна владата бара народот да им верува на зборот на Заев истиот оној кој што се колнеше во своите деца, во своите родители и предци дека нема да го менува Уставот и уставното име на Република Македонија – рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...