ВМРО-ДПМНЕ: Власта си го заштити градоначалникот – шверцер

581

СДСМ е во коалиција со криминалот и го штити, особено кога нивни функционери стојат зад истиот и се дели пленот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста вчера беше сведок на уште една фарса во режија на Зоран Заев. Во присуство на неговиот адвокат како бранител, градоначалникот – шверцер беше ослободен од притвор. Јавниот обвинител, исто како во случајот на Зоран Заев го преквалификува обвинението. Недостасуваше уште да се извини што му го нарушиле мирот и морале да го вознемируваат додека тој криумчарел. Нормално, кога е партиското обвинителство и судство во прашање, нема испитување на потекло на имотот, нема заплена на истиот, ниту информации со кого контактирал вечерта кога е фатен во криминал“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму нагласуваат дека „партиското судство на СДСМ донесе уште една срамна одлука“ и го амнестираше градоначалникот на Ново Село од редовите на СДСМ, Боро Стојчев за шверц со цигари.

„На ова лудило мора да му се стави крај. Правната држава мора да се врати, а сите оние кои сега се амнестирани од партиското судство на СДСМ, ќе ги стигне правдата и ќе одговараат за криминалот. Ќе одговараат и тие кои ги злоупотребуваат службената положба и овластувањата и се ставаат во заштита на криминалниот картел на власта“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...