ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги замолчува медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон

79

Денес диктатурата и режимот на СДСМ и на Заев се покажаа во вистинско светло. Денес во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите, рече на прес- конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Замислете, додека новинари протестираат против кривичен прогон на новинари и медиуми, МВР вршеше претрес во медиумот „Нет Пресс“ заради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал. Каква перверзија! Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на порталот „Нет Пресс“ и уредникот Дејан Николовски. Власта на Заев, преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон кон новинарот Горан Момироски и кон телевизијата Алфа. УЈП ја тероризира  и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на „Инфомакс“ и уредникот Александар Митовски. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот „Лидер“ и уредникот Љупчо Златев – рече Арсовски.

Според него тие медиуми и новинари се таргет на власта и на ОЈО само затоа што ја изнесуваат вистината на виделина за криминалот на владата.

– Љубомир Јовевски, ОЈО и МВР се ставаат во функција на заштита на криминалот на Зоран Заев, Рашковски, Кирацовски, Анѓушев, Спасовски, Филипче, Ден Дончев и сите останати криминалци од власта на СДСМ. Додека криминалците и рекетарите шетаат слободни и продолжуваат да рекетираат, уценуваат, прогонуваат и тероризираат за што е сведок и целата јавност, се гонат медиуми кои го објавуваат криминалот на оваа криминална банда на власт – вели Арсовски и апелира СДСМ и власта да прекинат да вршат кривичен и политички прогон кон медиуми-новинари кои не им се наклонети и кои не се под нивна контрола.

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...