Бесплатниот превоз на средношколците е обезбеден во време на ВМРО-ДПМНЕ, а средните училишта во голема мера беа реконструирани исто така во време додека градоначалник беше Коце Трајановски, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
-Поточно немаше средно училиште каде немаше направено обемен реконструкционен зафат. Кога сме кај фасадите Шилегов е градоначалникот кој промовираше фасада на средното училиште Јосип Броз Тито иако таа е завршена пред 4 години. Шилегов наместо да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ да понесе одговорност за коруптивните зделки на директорот на ЈСП и воедно за бруталните наредби на газење на скопјани со багери само затоа што протестираа против уништувањето на зеленилото на Водно.
Шилегов е најголемиот неработник меѓу градоначалниците кои заедно со титулата најбогат градоначалник на Балканот ја има титулата најкорумпиран – се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.