Во овие моменти кога опасноста од ширење на болеста е сѐ поголема поради неодговорноста на Филипче и неговиот тим директори, инсистираме на итни и неодложни оставки на директорката Цаца Биљановска и Венко Филипче, одговори денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање.
– Венко Филипче со еден директор на клиника дели тендери, со друг директор на клиника ја шири болеста. Ова е врв на неодговорност, поттикната и од однесувањето на министерот. Директор и тоа на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, во ек на епидемија да замине на туристичко патување во епицентарот на корона вирусот во Европа, на северот на Италија. Потоа, се движела меѓу граѓаните, одела на работа на клиниката, контактирала со медицинскиот персонал и пациентите, носејќи го и ширејќи го вирусот, без никаква санкција – рече Стоилковски.