ВМРО-ДПМНЕ бара оставки за скандалозната распределба на грантови

Оттаму додаваат и дека обвинителството и судот мора да стават крај на праксата за заштита на криминалот и перење.

237

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од владините и државните функционери заскандалот со распределбата на грантовите за фирмите.

„ Сите владини и државни функционери кои се најдоа во скандалите во изминатиот период тешки неверојатни 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка од сите државни фукнции. Оставки мора да има за се спречи притисокот од страна државните функционери поставени од СДСМ, врз органите на прогонот кои мора да ја завршат својата работа и да ги изведат овие луѓе пред лицето на правдата, а не да бидеме сведоци на преквалификување на обвиненија или апсурдни отфрлања на случаи заради наводен недостиг на докази“, наведуваат од партијата во соопштението до јавноста.

Оттаму додаваат и дека обвинителството и судот мора да стават крај на праксата за заштита на криминалот и перење.

„Правосудниот систем во Македонија мора да се ослободи од стегите на власта и да заборави на партиски нарачаните обвиненија и пресуди од Зоран Заев и СДСМ. Амнестијата на криминалот на СДСМ не е должноста која треба да ја обавува правосудниот систем во Македонија. Обвинителството и судот мора да работат во интерес на граѓаните и на државата“, се наведува во соопштението.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...