Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот врз поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Денес по 24 години повторно се отвора трага, по сеќавање и сведочење на поранешен претседател на Собранието и на емнинентен новинар. Мора да се покрене истрага по овие наводи. По допрен глас, или по како и да сакаат да најдат основа и да ги наречат овие јасни нивни показатели и искази, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Срамно е што се уште изостанува реакција на институциите околу сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Данилов Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров. И Зоран Заев, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ молчат околу новите наводи за атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот претседател, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што и пред 24 години ги донесе СДСМ. Не ги интересира ниту сведочењето на поранешниот Претседател на Собранието, Стојан Андов, ниту исказите на новинарот Љубомир Гајдов – рече Стоилковски.