На почетокот на седницата на Комисијата за уставни прашања, новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ побара да има директен пренос на Собранискиот канал, но Талат Џафери му одговори дека со самото тоа што на седницата се присутни медиумите, присуство на јавноста има.
По ова Мицевски повторно зема збор и побара пауза од еден час, па седницата ќе продолжи во 14.30 часот.
Поради оваа седница во Собрание, беше прекинато и судењето за предметот „Титаник“ каде меѓу обвинетите се Никола Груевски и Илија Димовски, кои се членови на Комисијата за уставни прашања.