ВМРО-ДПМНЕ бара да се разрешат Бојаровски и Смаиловиќ поради антисемитизам

Жаклина Пешевска, пратеничка од партијата на Мицкоски, пак, на прес конференција денеска рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој и побара разрешување на владиниот советник Зоран Бојаровски и советничката во СДСМ, Смаиловиќ.

4063

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување и разрешувања на владините и партиските советници кои преку Фејсбук коментираа дека новата техничка министерка Рашела Мизрахи наместо да се слика со партиско знаме треба да го стави еврејскиот симбол Давидова ѕвезда.

Ваков коментар на фотографија на новата министерка за труд и социјална политика Мизрахи, објави советничката во СДСМ Мерсиха Смаиловиќ, а подоцна тврдеше дека  нејзиниот став е државните функционери да не користат партиски симполи.

Преку Фејсбук реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски кој побара извинување од СДСМ.

– Згрозен сум од леснотијата со која се прават поделби, се шири говор на омраза кон државата Израел и Еврејскиот народ, и навредите кон ВМРО-ДПМНЕ, зад кои стојат политички мотиви и се стимулирани од партијата на власт. И ова не е првпат, но овој пат е премногу. Фраза едно општество за сите ја претвораат во прогон кон неистомислениците. Нема работа која самите не си ја негираа, нема работа која самите не ја погазија. Јас ја разбирам нервозата присутна во СДСМ, дури можам да го разберам и стравот од пораз, но не можам да ја разберам омразата со која се служат и удираат ниско по оние не мислат исто како нив. На крајот од денот, достоинството и честа немаат цена, и таквите навреди говорат за оние кои ги изнесуваат и оние кои ги инструираат, отколку за оној кон кој се насочени. Поддршка и целосна почит за Евреите и Израел која е голем пријател на Македонија. Најмалку што може СДСМ да направи е извинување кон Мизрахи, и кон ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова ќе заврши, но срамот на оние кои денес го земаат знамето на омразата ќе остане. И секако, сето ова нема да ги спаси или да го намали поразот кој им претстои – вели во постот на Фејсбук Мицкоски.

Жаклина Пешевска, пратеничка од партијата на Мицкоски, пак, на прес конференција денеска рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој и побара разрешување на владиниот советник Зоран Бојаровски и советничката во СДСМ, Смаиловиќ.

– Бараме владата веднаш да го разреши Зоран Бојаровски од функцијата Советник на премиерот, но и да ја разрешат Смаиловиќ од нејзината функција во партијата. Доколку Заев и СДСМ не преземат чекори кон санкционирање на говорот на омраза се доаѓа до заклучок дека антисемитизмот и говорот на омраза е поддржан инструиран и донесен директно од врвот на СДСМ – изјави Пешевска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...