ВМРО-ДПМНЕ бара да запире пробниот попис

Од партијата сметаат дека доколку власта не се откаже од ваквата  идеја многу е веројатно дека пописот ќе ја доживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името

654

Заев без консултации со опозицијата насилно турка попис на матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, попис кој нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако вчера почна пробниот попис.

Од партијата сметаат дека доколку власта не се откаже од ваквата  идеја многу е веројатно дека пописот ќе ја доживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името

„Аболицираниот Заев и неговата криминална банда мора да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција, операција преку која ќе манипулираат со бројката на жители во државата. Задкулисните игри и договори се недозволиви кога станува збор за националните и државните интереси. Недозволиво е да се пазари со една ваква клучна операција како пописот од која зависат идните политики на државата“, стои во соопштението.

Од ВМРО -ДПМНЕ бараат постапката да запре.

„Овој процес мора да запре, препораките на Еуростат и европските стандарди мора да се применат и на пописот во Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...