ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев е против преименувањето на училиштата, тогаш Владата нека ја поништи одлуката

678

Доколку Зоран Заев не го одобрува преименувањето на училиштата нека донесе
одлука на Влада која е на СДСМ за поништување на одлуката, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение што го испрати партијата на Христијан Мицкоски наведено е дека Зоран Заев и СДСМ креираат поделби и ги кршат законите.

„Владата на СДСМ денеска незаконски ги промени имињата на училиштата ‘Никола Вапцаров‘ и на ‘Рајко Жинзифов‘ во ‘Исмаил Ќемали‘ и во ‘Имри Елези‘ во Чаир. Владата на СДСМ без одлука на Совет и без бадентерово мнозинство ги смени имињата на училиштата. Заев е лицемерен и без срам излегува да ја лаже јавноста. Заев знаел за оваа промена и ја одобрил, исто како што знае за одлуките на ЈО и Врховен суд. Заев е човекот кој ја има ставено целата држава под негова контрола. Менувањето на имињата на училиштето се евтин популистички обид да добие гласови во Чаир. Доколку Заев не го одобрува ова преименување нека донесе одлука владата која е на СДСМ за поништување на одлуката. Лицемерно и тажно. Откако ги излажа граѓаните и не оствари 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, откако не ги направи автопатите кои ги вети, тој повторно игра на национал романтичарска карта. Граѓаните сакаат иднина, сакаат развој, а не нови поделби. На криминалот и поделбите им доаѓа крајот на 12-ти април. СДСМ заминува во опозиција“, наведено е во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...