ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев сега ги аболицира кодошите

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи поништувањето на лустрацијата.

540

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот што предвидува поништување на лустрацијата. Овој став го соопшти претпладнево пратеникот Зоран Илиоски, обвинувајќи дека „аболицираниот Зоран Заев сега ги аболицира кодошите“.

– Со остатоци од комунистичкиот режим, затскриени зад превез на демократија, не се оди во Европа – рече Илиоски.

Тој обвини дека со вакви законски решенија Македонија почнува да наликува на Северна Кореја.

– Со овој закон СДСМ им овозможува на кодошите од претходниот систем да земат пари од државата. Македонија е единствена држава во која нема да има лустрација на кодошите од комунистичкиот режим – рече Илиоски.

Во Собранието денеска почнува комисиската расправа за законот кој превидува поништување на лустрацијата и на последиците од неа. Законот го предложи владата на СДСМ неколку седмици пред изборот на техничката влада. Предлогот е во прва фаза од собраниската процедура, а за негово донесување се потребни најмалку 61 глас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...