ВМРО – Демократска фракција: Смачено ни е од Мицкоски, го молеа господ Иванов да потпише

5299

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и сите чесни и искрени вмровци се згнасени од вчерашната изјава на неглетиминиот и наметнат лидер Мицкоски како и од немањето конретен став по ниту едно прашање,  се вели во нивната денешна реакција.

-Отако „вмровците по професија и потреба“ го слушнаа условниот датум за отпочнување на преговори, побрзаа и ,,целосно” да застанат зад одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција. Досега молчеа, кокетираа и манипулираа со јавноста и членството и потајно го молеа господ претседателот Иванов да ја потпише ратификацијата, во обидот да не се замерат со меѓународната заедница. Во преден план им беше исполнување на цензусот за референдумот, односно исполнување на условите од договор Заев – Ципрас, а притоа да останат со ,,чисти раце”. Полна им беше устата со флоскулата. ,,Не го менуваме Уставот, заради промена на името”, а потајно посакуваа и работеа на промена на името и заштита и пазарење за оние кои ги донесоа на партискиот врв“, се додава во соопштението.

Во него се додава дека на „ВМРО и на Македонија и е смачено од вакви ,,пресметливи” политичари со двојни и тројни аршини во зависност од дневно политичките потреби. На ВМРО и вмровците потребно им е ново и легитимно партиско раководство избрано од членството кое има свои принципиелно зацртани црвени линии и ставови за заштита на државата, името на државата и националните интереси. На вистинските вмровци побитна им е државата и народот отколку удобните државни фотељи, потребно им е раководство кое ќе застане пред народот, а не да се крие од него“.

Вчерашниот ден, според ВМРО – Дeмократска фракција, беше уште еден понижувачки ден за Република Македонија.

-Европската Унија по којзнае кој пат ја понижи Република Македонија со одлуката преговорите за членство да започнат дури во јуни 2019 година. За да ставиме крај на идните дополнителни самопонижувања потребна е итна оставка на владата на Зоран Заев и распишување на нови избори, е ставот на ВМРО ДПМНЕ- Демократска Фракција – се вели во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...