Славната пејачка Сиа (47), која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Валмарт“ и им ги плати сметките на сите купувачи. На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.
Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Твитер.
Тогаш сè уште анонимна, жената рекла дека тоа го прави бидејќи освоила на лото, а сите биле зачудени и барале да се фотографираат со неа иако не ја препознале веднаш.
– Јас сум Сиси – се претставила таа.
Сите се прашувале поради што таа тоа го прави, а пејачката одговорила дека добила пари на лото и дека сака на сите да им го разубави претстојниот празник. Тоа го снимила една девојка и објавила на Инстаграм.
„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце што им плати на сите!! Извини што им кажав на сите кога сфатив која си! Но, оваа добрина мора да добие признание“, напишала таа.
Сепак, имало и обожаватели кои ја препознале Сиа па се фотографирале со неа.