Продолжуваат напорите за собирање гласови за двотретинско мнозинство во македонскиот Парламент потребно за усвојување на уставните измени во согласност со Договорот од Преспа и избегнување нови предвремени парламентарни избори. Власта не се откажува, а факт за тоа е и за денеска најавениот почеток на работата на Комисијата за уставни прашања која треба да го разгледува предлогот за пристапување кон уставни измени.
Притисокот за дополнителни гласови не се намалува, од една страна, а од друга, пак, ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што се пласираат во јавноста остануваат исти дека референдумот покажал оти граѓаните не го прифаќаат Договорот од Преспа и дека тоа треба да биде почитувано од сите пратеници и функционери.
Пораките од меѓународната заедница се двотретинско мнозинство наместо нови избори за да се искористи оваа единствена шанса за отпочнување преговори со ЕУ и членство во НАТО.