Власта и ВМРО-ДПМНЕ утре на средба за законот за јавно обвинителство, роковите газат

117

Утре преговарачките тимови на власта и опозицијата ќе одржат средба за новиот Закон за јавно обвинителство, најави премиерот Зоран Заев.

Владејачкиот тим го предводи министерката за правда, Рената Дескоска, а тој на ВМРО-ДПМНЕ, пак, адвокатот Тони Менкиновски.

– Утре ќе се одржи следната средба. Ме извести министерката за правда дека се слушнала со лидерот на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ  и дека утре ќе има средба. Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што јас и господинот Мицкоски веќе го испративме како пораки, што го сметам за напредок – рече Заев, нагласувајќи дека роковите истекуваат и треба да се фатат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...