Власта и ВМРО-ДПМНЕ договорија трета рунда преговори за СЈО

682

Тимовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржат нова средба на која ќе се разговара за Законот за јавно обвинителство со кој се решава судбината на СЈО, потврдија за Плусинфо и од опозицијата и од власта.

И Заев и Мицкоски изјавија дека преговорите не се пропаднати, но познато е и дека нивните ставови се концепциски сосема различни.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ испратило 65 амандмани до министерката за правда, Рената Дескоска, а по преписките за времето кога биле испратени по електронска пошта, двете страни закажаа трета средба.

Од опозицијата досега не открија што конкретно содржат амандманите, но потенцираат дека тие почиваат на трите принципи за кои се сложиле двата тима, а тоа се: меѓународното право, човековите права и неселективната работа на обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...