Во една од бомбите од 12 февруари 2013 година соговорничка му вели на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дека добила 2500 страници со милион броеви од „Телеком“ и не може да се снајде.
Јанакиески ѝ вели дека му треба само статистички податок и дека е важно само да се знае од кој број колку пати е ѕвонето. Кирил Божиновски и Миле Јанакиески на 14 февруари 2013 година разговаат дека во Општина Центар има проблеми со финансирањето на кампањата и дека Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“, не дал пари за изборната кампања.
Божиновски му вели:
– Владо ништо не дал… Пушти му инспекции. Стварно нема смисла ова.
Денеска, до паузата, беа пуштени 83 бомби. Судењето продолжува попладнево со преслушување на преостанатите бомби во предметот „Титаник“./Макфакс