Според неформалниот список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на избрканиот член на СДСМ, Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД, објави Магазин.
Поранешниот премиер и претседател на СДСМ според тоа е потенцијалниот кандидат за амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.
Бучковски, кој е познат и по аферата „Маѓар Телеком“ и „Тенковски делови“, беше исклучен од партијата во 2012 година, но во последно време односите се затоплуваат.
Од Министерството за надворешни работи ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат веста.
– Денеска е недела и не можам да проверам дали е информацијата точна. Не е ништо итно, ќе проверам утре – вели портпаролката на МНР Елена Пресилска.