Владината реконструкција во првата половина на јуни, ќе има промени и во СДСМ

1416

Премиерот Зоран Заев од Виена најави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретните решенија за промени.

– Во јуни месец и тоа во првата половина имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјалдемократскиот сојуз, што ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата – изјави Заев.

Toj посочи дека тоа што се случува во нашата земја е нешто коешто е логичен пресек на двегодишното владеење на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз, кадешто ги видовме слабостите и фала богу имавме избори кадешто граѓаните буквално испратија порака дека некои работи треба да се менуваат, а тоа се слабите карики на извршната власт.

– Веројатно и во локалните самоуправи има одредени слабости кадешто се под ингеренции на СДСМ и владејачката коалиција. Секако промените ќе се случат. Јас реков тоа ќе се случи на почетокот на јуни, затоашто извештајот го затвора Европската Унија и го објавува на 29 мај – изјави Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...