Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири својот стручен тим со еминентниот и искусен специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија д-р Владимир Чадиковски.
Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.
По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекува соодветна институционална поддршка од здравствените власти.