На темата брендирање и заштита на производите, за ајварот и биеното сирење како автентични македонски производи, разговаравме со Проф.д-р Владимир Какуринов, претседател на македонската регионална канцеларија на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) и професор на Северно Кавкаски Федерален Универзитет во Ставропол, Русија.
Какуринов со години се занимава со квалитетот и безбедноста на храна, тој е основач на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ,и бл раководител на Институтот за храна, професор по микробиологија на храна, шеф на микробиолошката лабораторија за испитување на квалитет и безбедност на храна за човечка исхрана и добиточна храна, а има изработено и Прирачник за заштита на традиционалните македонски производи.
Според него, долга е листата на производи, земјоделски и прехранбени, што Македонија може да ги заштити.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.