Владика Петар: Се надеваме дека годинава ќе има придвижување за автокефалноста на МПЦ

206

Се надеваме дека во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви, изјави денеска во Прилеп владиката Петар.

– Ние секогаш очекуваме повеќе, отколку што ни се случува. Се надеваме дека во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви поради, би рекле, разделеноста што сега постои. Но, ако сите се потрудиме и придонесеме да се најде вистинскиот начин на обединување на Православната црква во оваа поделеност, се надевам дека може да дојде и тој ден и ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви, во заедница со сите православни помесни цркви, односно, да ја добиеме автокефалноста – изјави владиката Петар одговарајќи на прашањето дали оваа година може да биде пресвртна во признавањето на МПЦ.

Тој нагласи дека, по прашањето со случувањата во Црна Гора, секој треба да си ги решава проблемите,  а ако ние ги решиме нашите, цели, ќе бидеме пример како треба и тие да живеат.

Владиката Петар денеска го благослови заедничкиот Божиќен ручек во Прилеп за околу 500 деца.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...