Владиката преспанско-пелагонски Петар кој вели дека денеска патува за Австралија бил задржан на скопскиот аеродром од финансиска полиција.
Тој за „Фокус“ вели дека била направена некаква грешка во процедурата.
„Ме задржаа на аеродром, но беше направена грешка. Кога луѓето сфатија што направиле, ми се извинија и јас сега патувам за Австралија“, вели владиката Петар за „Фокус“.