Владиката Петар пак со скандалозна изјава: Или женете се рано, или да ги наполниме манастирите

1431
20151022 Thursday 1214 ohridska arhiepiskopija vladika petre

Митополитот преспанско-пелагониски Петар во видеото што се врти на социјалните мрежи ги повика младите или рано да се женат и мажат и да формираат здрави семејства, или, како што рече „имаме сто манастири во епархијава да ги наполниме барем нив“.

Владиката, познат по конзервативни и често дискриминирачки ставови, ова го кажал на одбележување на заштитникот на Битола Свети Нектариј.


Во времето кога се дебатираше за Законот за прекин на бременоста што го донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека министер за здравство беше Никола Тодоров со кој се ограничи правото на абортус, владиката Петар својот став го поткрепи со скандалозен пример за холивудската легенда Мерлин Монро.

– Познатата глумица Мерлин Монро заради кариерата како актерка не сакала да раѓа деца. Нејзиниот живот завршува со самоубиство како последица на тоа што одлучила да се направи хируршки зафат да не може понатаму да раѓа, а потоа откако се јавиле чувството и желбата за мајчинство да роди деца, тогаш било доцна и затоа и завршила така трагично – рече Петар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...