Владиката Петар е под истрага, финансиската полиција го начека пред да полета за Австралија

996
20151022 Thursday 1214 ohridska arhiepiskopija vladika petre

 Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката г. Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста.

– Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар,  кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција, но тврдеше дека тоа било грешка. Тој денеска рече дека патува во Австралија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...