Влада: Потрошени се само 100 евра за промовирање на референдумот

Овие пари му биле платени на Фејсбук за да се рашири достапноста на нивните статуси до што е можно поголема публика на социјалните мрежи.

257

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за дијаспора Едмонд Адеми потрошиле вкупно само 100 евра за промовирање на предностите доколку се гласа на референдумот на 30 септември за поддршка на договорот од Преспа, велат од Владата за телевизија Сител.

Овие пари му биле платени на Фејсбук за да се рашири достапноста на нивните статуси до што е можно поголема публика на социјалните мрежи.

Од таму велат дека не се потрошени пари од државниот буџет за рекламирање и промоција и досегашните пари за секаков тип на активности во врска со референдумот се финансирани од партиската каса.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...