Влада: Помилувањето на Иванов било незаконско

578

Владата на денешната седница го прифати мислењето од Министерството за правда да се поддржи барањето за автентично толкување на спорниот член 11 и оцени дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов немал правна основа да помилува осомничени.

Владата утврди дека членот 11 кој дозволува помилување е укинат уште во 2009 година.

„Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...