Влада: Ненамерна грешка при изведување на химната

791

По извинувањето на Тамара, и од Владата соопштуваат дека станува збор за ненамерна грешка, во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од Тамара Тодевска, која ги изостави стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански.

“Владата го честита националниот празник Ден на независноста на САД и на американскиот народ. Убавите манифестации кои Амбасадата на САД по овој повод ги организира секоја година се одлична можност за оддавање меѓусебна почит и за продлабочување на соработките меѓу двете земји и народите на двете земји. Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои“, се  наведува во соопштението од Владата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...