Срамни и неприфатливи се заканите и повиците полни со омраза кои доаѓаат од новинарот Цветин Чилиманов кој отворено наведува да биде нападната негова колешка, соопшти Владата.
– И во оваа прилика потсетуваме на ставот на Владата за нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето. Апелираме медиумите, новинарските асоцијации и другите институции во државата, а особено обвинителството и судовите, да постапуваат максимално брзо и професионално во случај на каков било обид за напад или закана против медиумските работници, стои во соопштението.