Постигнат е договор со кој се надминати разликите за коишто информиравме дека постојат, се огласи Владата и Беса со заедничко соопштение.
– Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.
Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани.
Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните.
За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности, со вели во заедничкото соопштение на Владата и Беса.
Плусинфо веќе објави дека компромисот ќе биде во личните документи да биде впишана етничката припадност, а не во уставниот закон како што бараше Беса.