Владата ќе ја одржи 80. седница, еве за што ќе се одлучува

148

Информацијата за активностите за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотациите за општините е една од точките на дневен ред на денешната 80. седница на Владата на Република Македонија.

Пред министрите, како што соопшти владината прес-служба, ќе се најде и информацијата со Предлог текстот на меморандум меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија за размена на искуства во областа на е – просторот.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ќе ги разгледува предлог – уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации за јавните установи за деца – детски градинки по општини за 2019-та година, како и предлог на закон за изменување и дополнување на законот за Црвениот крст на Република Македонија.

Дел од расправата на 80. седница ќе биде посветена на информацијата за финансирање на изградбата на фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 10MW во кругот на РЕК Осломеј.

На седницата ќе бидат разгледани и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба, како и за Предлог – програмата за изменување на програмата за научно – истражувачката дејност за 2018 година, предложена од Министерството за образование и наука.

Како материјал за информирање, Владата на седницата ќе го разгледа конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Министерството за правда (сметка на основен буџет 637), како и првиот годишен извештај за имплементацијата на „Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика – ЕСРП 2020“ за 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...