Владата ќе потроши 6.500 евра за кампања на социјалните мрежи

Покрај ова, како што рече Бошњаковски Владата ќе организира пресови, интервјуа, дебатни емисии, брифинзи за што нема да се трошат пари.

115

Владата за кампањата за референдумот ќе троши пари од сопствениот буџет и од буџетот на Генералниот секретаријат на Владата.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека кампањата главно ќе биде водена врз основа на долгорочните стратешки цели за прием на земјава во ЕУ и НАТО.

– Ќе се објаснуваат придобивките од членство во ЕУ и НАТО, ќе ги објасниме точките од текстот на договорот со Република Грција и ќе ги повикаме граѓаните да излезат и да гласаат – појасни Бошњаковски.

Покрај ова, како што рече Бошњаковски, Владата ќе организира пресови, интервјуа, дебатни емисии, брифинзи за што нема да се трошат пари.

– Комуникацијата пак преку социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Фликр… ќе се реализира со 400.000 денари од тековен буџет на Секретаријатот – рече Бошњаковски.

Според она што е одлучено вчера, Владата ќе организира и директни средби со граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...