Владата ќе дава Младински додаток од 3.000 денари, еве за кого

2224

Владата утврди Предлог-закон за младински додаток кој ќе го достави на усвојување до Собранието, а според кој ќе се исплаќаат 3.000 денари месечно на млади лица до 23 години.

Младинскиот додаток ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност, потоа на младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и на млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Целта на законот за младински додаток е поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се допринесе до подобрување на нивниот животен стандард и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...