Оваа процедура која досега се спроведува во Унгарија ние ја очекувавме, знаевме дека прво ќе се даде предност на постапката за азил, а потоа ќе се разгледува прашањето за екстрадиција, изјави министерката за правда Рената Дескоска во однос на азилот и барањето за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски.
Таа вели дека барањето за екстрадиција е образложено со сите аргументи и доколу се одлучува врз основа на правни процедури треба да биде удоволено.
– Сакам да потенцирам дека со Унгарија досега не сме имале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај, никогаш Унгарија не покренала прашање ниту за состојба во затвори ниту за сомневања во делувања на судството за да одбие екстрадиција. Ова не е прва екстрадиција која ја бараме, се надеваме дека нема да отскокне да биде прва која ќе биде одбиени. Сите досега беа удоволени и ние сме немале проблем во процесите со ексрадицаја досега – вели министерката.
Таа најави и дека Владата ќе бара отповикување на одлуката за азил.
– Унгарија има нов закон кој се однесува на азилот кој е прилично рестриктивен и кој дава можност дури и за отповикување на дадена одлука за отповикување на дадена одлука за азил. Валдата донесе одлука да испрати барање за отповикување на одлуката на азил од причини што доколку одлуката е заснова врз определени факти кои не се такви какви што се, државата има право да ја поништи – рече Дескоска.
Таа го посочи унгарскиот закон и во однос на одредбите според кои ако оние кои добиваат азил во исто време не добијат државјанство на државата или трајно жителство нивната одлука за азил се преиспитува на секои три години.
– Значи доколку Груевски не добие државјанство, дури и во овој случај да не биде преиспитано по барање на владата, би требало според унгарските закони да биде преиспитувана на секои три години – изјави Дескоска.