Владата чисти терен за „Северна“, таблата на „Богородица“ чека

1083

Владината зграда утрово остана без буквите „Влада на Република Македонија“, се чисти теренот за натпис со новото уставно име кое ќе се закачи на фасадата откако во Службен весник ќе се објави дека уставните измени стапуваат на сила бидејќи Грција ги ратификувала нашето членство во НАТО и Договорот од Преспа.

Паралелно, на социјалните мрежи веќе се споделува фотографија со табла на која го пишува новото име, а која треба да биде поставена на граничниот премин „Богородица“ со Грција. Сепак, најавите дека таа ќе се постави уште денеска се избрзани.

Имено, табла со новото име сѐ уште нигде не е поставена. И на граничните премини и на Владата и на сите други институции табли со „Република Северна Македонија“ ќе се постават откако во Службен весник ќе излезе дека Грција го ратификувала протоколот за НАТО и Преспанскиот договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...