Владата уште годинава ќе почне да се спрема за да не пропадне и пописот во 2020

165

Нашиот план е да нема пречки да го одржиме пописот во следната 2020 година, за што подготовките ќе почнат уште оваа година, со што очекувам да имаме успешен процес од кој ќе добиеме веродостојни резултати, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, на денешната средба со Делегација на Евростат предводена од секторскиот директор, Едуардо Баредо Капелот.

Османи посочи дека новиот закон за попис е во финална фаза во владината постапка, изразувајќи очекување дека ќе биде усвоен, со што ќе влезе и во собраниска процедура.

– Потребна е поблиска соработка меѓу Евростат и институциите на Република Северна Македонија, не само како тело со високо познавање и искуство од областа, туку и како неспорен авторитет, во насока на отстранување на било каков сомнеж во веродостојноста на резултатите, што е од особена важност за земјава имајќи го предвид лошото искуство и создадената недоверба од неуспехот во спроведувањето на процесот минатиот пат – заклучи заменик-претседателот на Владата на средбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...