Владата утврди дека се потребни специјалисти

327

Владата ја прифати програма за потребите од специјалистички и субспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи за 2018 година.

– Програмата е изготвена врз основа на податоците и консултациите со јавните здравствени установи во Република Македонија, кои потоа беа предмет на детална анализа за потребите од здравствениот кадар во сите јавни здравствени установи, соопшти владината прес-служба.

Реализацијата на оваа програма ќе овозможи обезбедување на потребниот број стручен кадар за нормално, квалитетно, ефикасно, континуирано, ефективно и рационално вршење на здравствените услуги во јавните здравствени установи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...