Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска беше пречекан со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата.
Дека е згрешено знамето, забележаа австриските новинари. Знамето кое пред македонската Влада се вееше во чест на високиот гостин не беше според пропорциите на австриското државно знаме. Имено австриското знаме има три еднакви ленти, додека закаченото на јарболите пред Владата беше со потесна бела лента на црвена површина.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI