Владата на денешнат 140. седница ја усвои информацијата за извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, и даде согласност за објавување на извештајот.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за правда да го информира ГРЕКО за нејзината согласност за објавување на извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг. Владата го задолжила Министерството извештајот да го објави на својата веб страница во превод на македонски јазик, во рок од седум дена.
Дополнително, како што се посочува, Владата презела обврска да назначи советник за интегритет кој ќе има обврска да врши упатување и советување на членовите на Владата и лицата именувани од Владата за спроведување на препораките од овој извештај.